Крадец влегол во продавница за возрасни во Австралија и разгледувал дваесеттина минути пред да дојде на касата со Памела Андерсон под раката. Но наместо да извади пари и да плати, со кујнски нож и се заканил на продавачката.
Продавачот го активирал алармот па крадецот побегнал без пленот, но со куклата под рамото. Подоцна полицијата го уапсила 21-годишниот анонимен крадец и го обвинила за вооружен грабеж.