Ричард Вероун од Северна Каролина ограбил банка и зел само еден долар, како би го сместиле во затвор каде може да добие бесплатна медицинска нега, која досега не ја добивал бидејќи бил невработен. Итно му било потребно лекување, но за тоа немал пари, па одлучил да украде еден долар од банка.
Кога дошол во банката на вработената и дал ливче на кое пишувало дека е вооружен и дека бара еден долар. Изненадената благајничка му ја дала банкнотата, а Ричард потоа ја замолил да повика полиција, која мирно ја дочекал. Полицијата востановила дека човекот не бил вооружен, но сепак го сместиле во затвор, каде за негова несреќа ќе остане само еден месец и нема да има време да ги излечи сите здравствени потешкотии кои ги има. Тој имал израсток на градите и проблеми со ‘рбетот и левата нога.