Австралиската полиција се посрамотила откако крадец од полициската станица украл голема количина запленета дрога.
Повеќе од 2000 таблети екстази и помала количина на кокаин и амфетамин, со улична вредност од околу 40 000 американски долари, се украдени од полициска станица во Квинсленд.
За кражбата е обвинет триесет и шест годишен трговец кој имал пристап до овој дел на станицата со запленети наркотици.