Американецот Волтер Ерл Морисон е оптужен дека украл пакет со дијамант вреден 160 илјади долари и потоа го дал на дилер во замена за кесичка марихуана вредна 20 долари. Сега веќе поранешниот работник во најголемата компанија за достава на пратки „United Parcel Service“, на аеродромот во Феникс го истоварувал авионот, кога забележал пакет, за кој мислел дека е полн со пари, и го сокрил под обелката.
Кога сватил дека наместо пари украл дијамант, Морисон сторил нешто што веројатно никој друг не би направил, го разменил за кесичка марихуана. Не е јасно дали очајнички му бил потребен џоинт или сакал да се отараси од скапоцениот камен, но полицијата лесно и брзо го уапсила. Дијамантот набрзо бил најден и вратен на сопственикот. Морисон е оптужен за кражба и бил отпуштен од работа.