Еден човек кој украл џип во Монтреал,набрзо го оставил, и најверојатно повикал полиција бидејќи во џипот нашол заспано бебе.
Мајката на бебето накртко го паркирала џипот во отмениот кварт Утремон во канадската престолнина и ја оставила својата 14-месечна ќерка која спиела.
Крадецот за неколку секунди го украл возилото кое имало њујоршки таблички. Кога го приметил бебето, го оставил џипот неколку улици подалеку.
Полицијата набрзо примила повик од телефонска говорница, а човекот кој се јавил навел дека во возилото има бебе.Најверојатно човекот кој се јавил е осомничениот за кражбата на џипот.
Полицајците на наведеното место го пронашле бебето кое уште спиело.