Еден американец од Охајо украл автомобил за да се одвезе до судот каде што требало да одговара поради кражба на накит. Џон Сандермен (42), украл автомобил марка шевролет за да стигне навреме во судницата каде што требало да се појави поради обвинение за кражба на накит во вредност од над 1 500 долари.


Според зборовите на обвинителот, обвинетиот бил уапсен во непосредна близина на палатата за правда. Сандермен изјавил дека непознат човек му го отстапил автомобилот за сума од дваесет долари. Сега ќе мора да одговара и за двете обвиненија: кражба на накит и кражба на автомобил. Одредена му е кауција од 4 500 долари.