Американската полиција од Калифорнија уапсила еден човек во украден автомобил. Самуел Бочвароф го украл автомобилот во Окланд за да стигне на време на едно судење за кражба на друг автомобил.


Им рекол на полицајците дека неговиот автомобил е запленет и дека немало друг начин да стигне на време на судењето. Но, сега веќе нема да има вакви проблеми. Имено на суд ќе го превезат од келијата со полициски автомобил.