Еден крадец во Австралија украл автомобил со приколка во која биле сопствениците кои биле пензионери. Парот купувал нов автомобил. Продавачот им ја покажувал приколката, а крадецот седнал во автомобилот и заминал.
Продавачот успеал да скокне од приколката. Кога крадецот сфатил дека во приколката има луѓе, само неколку улици понатаму го оставил автомобилот и побегнал. Сопствениците не се повредени, но крадецот успеал да им ја украде дигиталната камера.