Еден човек во Калесија, на северот од Босна, украл автобус за да ја следи својата, наводно, неверна девојка, јави агенцијата Хина.

Откако добил смс порака во која пишувало дека неговата девојка е видена во соседниот град со друг маж, 26- годишникот решил да ја пронајде. Бидејќи немал сопствен автомобил, отишол на меѓуградската автобуска станица и украл автобус од месниот автопревозник.

Полицијата го уапсила додека возејќи го автобусот се обидувал да и влезе во трага на девојката и нејзиниот наводен љубовник.

Во притвор одново добил смс порака во која пишувало:„Се беше само зафрканција“.

ohridnews