Николас Понтило од Илиноис, САД, украл амбулантно возило во кое  биле медицинскиот персонал и пациентот. Момчето го забележал возилото, и бидејќи бил под дејство на алкохол отишол малку да се повози. Започнал да вози, а во комбето лекарите прегледувале една девојка која го повредила коленото додека се скијала. За среќа не стигнал далеку бидејќи се активирала сопирачката за итни случаи.


Од медицинскиот центар изјавиле дека кражбата била спречена бидејќи персоналот се држел до вообичаената процедура при вакви случаи. Истакнале дека не е никаква шега доколку некој го стартува возилото додека лекарите се обидуваат да спасат нечиј живот. Понтило бил приведен и ќе биде обвинет за кражба на возило и возење во пијана состојба.