Американец е уапсен бидејќи украл 247 празни лименки пиво од продавница во Детроит. Четириесетишестгодишникот провалил во магацин и избегал откако го наполнил автомобилот со вреќа лименки.


Ако би ги продал, Американецот би заработил 20 евра. Но, откако го уапсиле, рекол дека ги украл лименките поради зависност. Со нив имал намера да направи луле за пушење крек. Пуштен е од затвор и мора да се појави на суд за неколку недели.