Еден човек од Јужна Кореја која на неколку погреби украл 1200 пара скапоцени чевли најпосле бил уапсен. Познат само како Парк, човекот влегувал во просториите за оплакување и се преправал дека е еден ожалостените за време на погребот, а потоа излегувал прв со неколку пара чевли кои имал намера да ги препродаде преку својата продавница за користена роба.


Корејците обично се собуваат кога влегуваат во затворен простор, а посебно кога се во прашање погребите. Бил фатен кога на еден од нив се обидел да украде три пара чевли вредни околу 2000 американски долари. Пронајдените чевли се изложени во полициската станица и ги чекаат своите сопственици да дојдат по нив.