Украински туристи ќе одмараат во Охрид и во другите туристички места во земјава, најави заменик претседателот на Владата, Зоран Ставрески, по состанокот на Мешовитиот Македонско-украински комитет за економска соработка кој вчера заседаваше во Охрид.

На состанокот на кој присуствуваше и заменик министерот за економија на Украина, Валериј Пјатницкиј, било договорено во јули да биде воспоставен  чартер лет од Киев или Одеса до Скопје.

– Очекуваме да дојдат околу 300 украински туристи, а се разбира и македонски туристи и работници ќе можат да ги користат овие авионски линии, изјави вицепремиерот Старврески.

На состанокот станало збор и за можноста украински компании да инвестираат во македонскиот туризам преку изградба или купување на некој од постоечките хотели на охридската ривиера.

Ohridnews