Жителите на селото Октјабарско, кое носи име по октомвриската револуција, испрати барање до ресорното министерство за промена на името. Тие побарале тоа да се вика Џексон, бидејќи наводно во селото имало многу обожаватели на Мајкл Џексон, кралот на попот кој неодамна ненадејно почина во својата 50-та година од животот.
Сакаат да го овековечат, да основаат музеј посветен на него и да направат збирка на неговите плочи. Станува збор за загрозено подрачје и сите фабрики во овој регион се затворени. Се надеваат дека со промената на името ќе успеат да привлечат туристи и да го претворат селото во туристичка атракција.