Украина ја обвини Русија за кршење на хуманитарниот коридор чија цел е да им овозможи на цивилите да го напуштат опколениот јужен пристанишен град Мариупол.
„Непријателот изврши напад насочен токму кон хуманитарниот коридор“, соопшти Министерството за одбрана на Фејсбук, додавајќи дека „руската армија не дозволила децата, жените и постарите луѓе да го напуштат градот“.
Русија го именуваше Мариупол како еден од четирите градови каде што ќе бидат отворени коридори за евакуација.
OhridNews