Украинските војници ќе добиваат дополнителни 10.000 гривни (2.710 долари) месечно за нивната служба на линијата на фронтот во битката против руските војници, соопшти вчера украинската армија, јави ДПА. Со ова соопштение се става крај на шпекулациите за плати и надоместоци, забележува агенцијата.
Војникот кој и служи на својата земја и ја брани од агресорот, го става на ризик сопствениот живот и здравје и работи во исклучително тешки услови, мора да биде високо мотивиран, се вели во соопштението на Генералштабот.
Бонусот од 100.000 гривни е наменет само за „бранителите на првата линија“, се вели во соопштението. Војниците кои се стационирани во борбената зона, но не учествуваат директно во битките, како и војниците од воздушната одбрана, ќе добијат 30.000 гривни. Што се однесува до војниците стационирани во задниот дел, тие нема да добиваат надоместоци за војници од првата линија, посочува ДПА.
Основната плата на сите војници е зголемена на речиси 20.000 гривни од почетокот на февруари.
OhridNews