Гувернерот на воената управа на западна Украина, Максим Козицки, соопшти дека украинската воздушна одбрана соборила руски ракети кои утринава биле истрелани кон Лавов, град во западна Украина.

Утрото на 16 април, руските окупатори истрелаа проектили од авион Су-35 кон регионот Лавов. Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија четири крстосувачки ракети, напиша Козицки на социјалните мрежи.

Козицки објави и дека рускиот авион кој ги испукал проектилите полетал од аеродромот Барановичи во соседна Белорусија.

OhridNews