Амбасадорот на Украина во Холандија, Антон Кориниевич денеска изјави дека Русија не се појавила пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг бидејќи сака да води војна против неговата земја.
Фактот дека местата што требаше да ги заземе Русија се празни, доволно покажува. Тие не се тука пред овој суд, тие се на бојното поле, водат агресивна војна против мојата земја. Вака Русија ги решава своите несогласувања, истакна Кориниевич член на украинската делегација во судот.
Русија денеска одби да се појави на отворањето на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) за случајот покренат од Украина, која бара од највисокиот суд на ОН да и наложи на Москва да ја запре инвазијата врз Украина.
Судот жали што делегацијата на Руската Федерација не се појави на ова рочиште, истакна Џоан Доногју, судијка претседавач на МСП.
Американската судијка изјави дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето се одржа без руската делегација.
OhridNews