Украинските власти денеска ја обвинија Русија за нов „голем напад“ врз енергетската инфраструктура на државата, откако властите најавија прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во главниот град.
Руските терористи повторно извршија голем напад врз електричната инфраструктура во голем број украински региони, изјави заменик-шефот на украинското претседателство, Кирило Тимошенко.
Неколку експлозии го потресоа Киев денеска само неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напади со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим во Црното Море.
Најмалку пет експлозии се регистрирани утрово во главниот град на Украина помеѓу 8:00 часот (06:00 GMT) и 8:20 часот.
Киев веќе беше погоден на 10 и 17 октомври со беспилотни летала.
По денешните експлозии, градоначалникот Виталиј Кличко во порака на Телеграма нагласи: „Една област на Киев е без струја, а одредени области без вода по руските напади“.
Нападот врз украинскиот главен град се случува откако Русија се повлече од историскиот договор со кој се дозволени витални пратки со жито преку поморскиот безбедносен коридор.
OhridNews