Овој туристички проект е дел од годишните програмски активности на секторот туризам и угостителство при Министерството за економија, а се реализира во соработка со Здружението на хотелиери – ХОТАМ и има за цел директно, брзо и ефикасно запознавање на потенцијалните туристи од одредена земја, во случајов од Украина, со убавините и туристичките можности што ги нуди нашата земја, непосредно пред почетокот на летната сезона.
Доаѓањето на оваа група туроператори и новинари од Украина е резултат нанеодамнешната посета на македонските туристички работници во Киев, каде во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Украина, успешно беше организирана презентација на нашата земја пред украинската деловна јавност.