Украинскиот министер за внатрешни работи Јури Луженко и неговиот син на аеродромот во Франкфурт дошле во судир со германската полиција која сакала да ги спречи во пијана состојба да го продолжат својот лет. Тие долетале од Киев до Франкфурт и сакале да продолжат со својот лет до Сеул, Јужна Кореја.
Пилотот на авионот не сакал да ги прими бидејќи биле пијани, викале и се однесувале непристојно. Кога се појавила полицијата министерот и неговиот син ги гаѓале со мобилните телефони. Дошло и до тепачка после која министерот и син му биле одведени во аеродромската полициска станица.