Руските сили во моментов ги фокусираат своите напади во источна Украина, во обид да ги освојат градовите Попасна и Рубижне, во регионот Луганск, се наведува во денешната најнова проценка на украинската војска, јави ДПА. Меѓутоа, според извештајот за воената ситуација на теренот на на украинскиот Генералштаб, тие не успеваат во тоа.

Официјален Киев, во следните неколку дена, очекува голема руска офанзива во источна Украина.

Украинските сили одбиле напади на осум места во регионите Луганск и Доњецк, уништувајќи неколку руски тенкови и артилериски систем во текот на изминатиот ден, се додава во извештајот на Генералштабот.

Во овие два региона Украина стационираше голем број војници за да им се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија.

Меѓутоа, и Москва во последните неколку дена го зголемува бројот на војници во областа. Некои руски војници претходно распоредени во близина на северниот украински град Чернихив сега се стационирани околу Зиверодонецк, голем град во близина на Рубижне, се навеудва во извештајот на украинската војска што го пренесува ДПА.

Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) наведува дека доколку се потврди веста, тогаш тоа ќе биде првата единица што е повлечена и прераспоредена во источна Украина од борбите во североисточна Украина.

OhridNews