Русите го ставаат Мариупол во карантин поради можна појава на колера, изјави советникот на градоначалникот за украинската телевизија United News TV.

Гледаме како градот се затвора, рече Петро Андриушченко, додавајќи дека „за колера се зборува внатре во градот, меѓу окупаторите и нивните сојузници“.

Би-би-си нагласува дека не може да ги потврди неговите зборови.

Локалните и светските медиуми со недели пишуваа дека во градот може да се случи хуманитарна катастрофа поради недостиг на храна и вода за пиење.

OhridNews