Рускиот новинар Јуриј Котенок на Телеграм објави дека украинската армија го уништила седиштето на руската приватна паравоена организација Вагнер во Поспана.
Тој тврди дека седиштето на Вагнер во Луганск е погодено со ракетниот систем ХИМАРС.
Во нападот наводно е убиен и Јевгениј Пригожин, еден од клучните луѓе на Вагнер, познат како готвачот на Путин. Но, за тоа нема потврда од независни извори.
OhridNews