Љубителите на музичката уметност, вечерва, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, ќе може да го проследат настапот на Божена Корчинска- украинска надолжна флејта и Богдан Кожушко-хармоника.
Дуото Корчинска – Кожушко ќе изведат несекојдневна програма насловена како: „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“. Тие се редок инструментален состав – украинската надолжна флејта и хармоника. Страсниот ентузијазам на музичарите за малку познатите ремек-дела од жанрот на музичките минијатури, виртуозната музика за флејта и свежиот звук на барокните хитови на хармониката ќе ги предизвика сетилата на слушателите пред сѐ поради спецификите на инструментите и изборот на програмата која хармонично ги обединува во себе делата на древните епохи и музиката на XX век.
Украинската музичка вечер во црквата Св. Софија почнува во во 21 часот.
OhridNews