Украинската тенисерка Дајана Јастремска суспендирана е поради позитивен исход на допинг тестот, направен ноември месец минатата година. 29-та тенисерка на ВТА листата била позитивна на местеролон, која е на листата забранети супстанции од допинг контролата.

Мала концетрацијата местеролон пронајдена ми е во мокрачата, по што станува јасно дека сум контаминирана во некој момент. Добив позитивен одговор дека тоа можам да го потврдам. – изјави во своја одбрана Украинката.

Јастремска во „белиот спорт“ најдобрите успеси ги имаше од октомври 2018 до мај 2019 година, освојувајќи неколку турнири од мастерс сериите. Во 2020 година успеа да стигне до финалето на турнирот во Аделаида, а, во текот на карантинте таа се испроба во музичките води. Нејзиниот прв сингл, за кој направи спот се најде на неколку музички програми во светот и доби позитивна оценка кај критичарите.

OhridNews