Украинската манекенка Јара Хмдиан за кратко време го поматила разумот на мажите ширум светот. Нема налози и профили на друштвените мрежи, но сепак нејзините атрактивни фотографии во костуми за капење на познатите модни брендови ја направиле наследничка на познатата манекенка Адриана Лима. Убавицата со совршени пропорции, која ја нарекуваат жежок машки сон, веќе неколку години самоуверено чекори по светските модни писти.
Пораснала на песокливиот брег во близина на Крим. Јара вели дека е вљубена во Париз, музиката и модата, а моментално промовира нова линија костуми за капење. Сонува за човек кој би ја „повел во брановите на разбеснетото море“ и кој со неа би водел љубов под светлината на полната месечина.