Вооружените сили на Украина објавија дека Русија распоредува оружје во соседна Белорусија. Тоа е, како што тврдат, нов руски план – сакаат да го опкружат главниот град Киев.

Целта е да се обидат да се подготват и изведат офанзивни операции за опсадата на градот Киев. Руското воено раководство почнува да сфаќа дека расположливите сили и ресурси не се доволни за одржување на привремено окупираните територии на Украина и спроведување одбранбени операции. Руските сили исто така собираат опрема на Крим. Тие трпат значителни загуби, се вели во соопштението на вооружените сили.

 

Украинското Министерство за одбрана претходно соопшти дека украинските војници ги потиснале руските сили од некои области околу главниот град Киев.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Олександр Мотузијаник рече: Во некои сектори, непријателот е потиснат повеќе од 70 километри, а во некои е оддалечен 35 километри.

Русија не се откажа од тоа дека ќе го опколи и окупира Киев, рече Мотузијаник. Без да наведе докази, тој рече дека Кремљ испратил дополнителна воена опрема во Белорусија за да ги зајакне своите војници кои го напаѓаат украинскиот главен град.

OhridNews