Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби, изјави Арестович.

Експлозии во Киев, Харков, нападнат меѓународниот карго аеродром

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков. Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони Антонов врз меѓународниот карго аеродром во Гостомел.Градот е во Киевската област.

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија.

Ги прекинувавме дипломатските односи со Русија, нагласи Зеленски во видео порака.

Тоа го означи првиот прекин на врските откако Русија и Украина станаа независни земји по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Зеленски ги повика светските сили да помогнат во одбрана на воздушниот простор на Украина.

Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот, рече главниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-мајор Валериј Залужни.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пак, изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили.

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“

Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор.

Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину.

Тој додаде дека воздушниот простор ќе биде затворен од 12 часот по средноевропско време, како и дека „сите летови ќе бидат пренасочени кон други аеродроми“. Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „затвора дел од својот воздушен простор за цивилни авиони“.

Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови

Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите.

Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува ТАСС.

Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба на територијата на целата земја, јавија украинските медиуми.

НАТО за утре свика виртуелен самит за руската инвазија на Украина

НАТО в петок ќе одржи виртуелен самит за руската инвазија врз Украина, изјавија дипломати, додека Алијансата најави дека се преземаат „дополнителни чекори“ за заштита на земјите-членки.

Одлучивме, во согласност со нашето одбранбено планирање за заштита на сите сојузници, да преземеме дополнителни чекори за понатамошно зајакнување на одвраќањето и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалаторни, се вели во соопштението на НАТО.

Реакции на светски лидери за руската воена операција врз Украина

Светски реакции за руската операција:

„Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“, рече американскиот претседател веднаш по почетокот на операцијата. Тој предупреди „Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад“. „Светот ќе бара одговорност од Русија“.

„Згрозен сум од ужасните настани во Украина и разговарав со претседателот Зеленски за следните чекори“, напиша британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер. „Претседателот Путин го избра патот на крвопролевање и уништување со лансирањето на овој неиспровоциран напад врз Украина. Велика Британија и нашите сојузници ќе одговорат одлучно“.

„Во овие темни часови, нашите мисли се со Украина и со невините жени, мажи и деца додека се соочуваат со овој неиспровоциран напад и страв за нивните животи“, напишаа шефовите на ЕУ Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на Твитер. „Ќе бараме одговорност од Кремљ.

Шефот на НАТО рече дека Русија „го избрала патот на агресија против суверена и независна земја“. Нападот „загрозува безброј животи на цивили“, рече Столтенберг во изјавата, опишувајќи го како „тешко кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“. Амбасадорите на НАТО треба да одржат итен состанок денска наутро по европско време за да разговараат за нападот.

„Овие неиспровоцирани дејствија се јасно натамошно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и на обврските на Русија според меѓународното право и Повелбата на ОН“, наведе Џастин Трудо во изјавата. Тој рече дека ќе се сретне со партнерите од Групата седум за да формира колективен одговор, „вклучително и со воведување санкции дополнителни на оние објавени претходно оваа недела“. „Овие непромислени и опасни дела нема да останат неказнети.

„Мораме веднаш да одговориме на руската криминална агресија врз Украина Европа и слободниот свет мора да го запрат Путин“, напиша Моравјецки на Твитер. „Денешниот Европски совет треба да ги одобри најжестоките можни санкции. Нашата поддршка за Украина мора да биде реална.

Гутереш упати директна и лична молба до рускиот претседател Владимир Путин по вонредната седница на Советот за безбедност, барајќи од него да го запре нападот „во име на човештвото“. „Во име на хуманоста, не дозволувајте да започне во Европа она што може да биде најлошата војна од почетокот на векот“, рече тој. „Конфликтот мора да престане сега“, додаде шефот на ОН, кој рече дека тоа е „најтажниот ден“ во неговиот мандат.

За време на обвинетиот вонреден состанок на ОН, украинскиот амбасадор Сергиј Кислица го замоли советот, со кој претседава Русија, „да направи се што е можно за да се запре војната“. Тој побара рускиот амбасадор да се откаже од функцијата претседавач. „Нема чистилиште за воени злосторници. Тие одат директно во пеколот, амбасадоре“, рече Кислица.

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари

Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Според локалните извештаи, ова следува по рускиот напад врз земјата.

Властите во градот им укажаа на граѓаните да ги исклучат светлата и да најдат засолниште, информираше локална телевизија. Тие, исто така, би требало да ги земат со себе поважните документи.

Си-Ен-Ен јави за активирани сирени во градот и дека граѓани како стојат во ред пред банките, со цел да извадат пари.

Претходно, некои дипломати се преселија во Лавов, град што се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска. На ваков чекор се одлучија, додека растеше стравот од рускиот напад на Украина да го вклучи и Киев.

OhridNews

извор. МИА