Селекцијата на Украина ги комплетираше четвртфиналистите на Европското првенство во фудбал, совладувајќи ја Шведска со 2-1, после дополнителни 30 минути продолжение, откако регуларниот дел заврши 1-1.

Украинците голот за победа во продолжението го постигна во 120-та минута. Стрелец на победничкиот погодок беше Артем Довбук.

Претходно, во регуларниот дел од мечот, Укриана поведе со голот на Зинченко, а „викинзите“ израмнија преку Форсберг. Швеѓаните во продолжението останаа со фудбалер помелку, црвен картон доби Даниелсон, а Украина бројчаната предност ја капитализираше во пред крајот на мечот.

Украина во 1/4 финалето ќе игра против Англија на „Олимпико“ во Рим, a во останатите дуели ќе се сретнат Белгија – Италија, Шпанија – Швајцарија и Данска – Чешка.

OhridNews