Русија отворено го уценува целиот свет и се заканува дека ќе ја дигне во воздух нуклеарната централа Запорожје, тврди украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом. Според украинските власт руските трупи поставиле експлозив на енергетските единици на нуклеарната централа.

Агенцијата го цитираше генералот Валери Василиев, шеф на руските нуклеарни, хемиски и биолошки одбранбени сили, кој изјави дека „таму ќе има или руска земја или изгорена пустина“.

Како што знаете, ги миниравме сите важни објекти на нуклеарната електрана Запорожје. И тоа не го криеме од непријателот. Ги предупредивме. Непријателот знае дека електраната ќе биде или руска или ничија. Подготвени сме на последици од овој чекор. И вие, борци, мора да сфатите оти друг пат нема. Доколку дојде најтешката наредба, мора чесно да ја извршиме!, наводно биле зборовите на Василиев.

Руските сили ја зазедоа нуклеарната електрана во југоисточна Украина на почетокот на март, но, со неа сè уште управуваат украински техничари.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска побара да им се овозможи пристап на меѓународни инспектори до постројките во Запорожје.

Секој напад на нуклеарна електрана е самоубиство, нагласи Гутереш на прес-конференција во Јапонија.

OhridNews