Според Украина, руски војници можеби го зазеле Змискиот остров во Црното Море, пренесе ДПА.

Украинската гранична служба вечерва соопштила дека изгубила контакт со граничната полиција и војниците на островот. Во текот на целиот ден „непријателот“ го опколил островот и пукал врз него со бродски топови, наведе граничната служба.

Тој е еден од ретките острови што ги поседува Украина. Тоа е стратешки важно, особено за правата на минералните суровини во морето, и долго време е спорен меѓу Романија и Украина.

Малиот Змиски Остров беше предмет на спогодбено решен територијален спор меѓу Романија и Украина во раните 2000-ти години.

Руските сили ја зазедоа АЕЦ Чернобил

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави советник од украинскиот претседателски кабинет.

Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислен напад од Русите, нагласи советникот Микаил Подолиак.

Ова е една од најсериозните закани во Европа денес, смета Украина.

Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Тоа го објави денеска украинскиот претседтел Володомир Зеленски на Твитер, нагласувајќчи дека таква порака му пратил на шведскиот премиер.

Ова е објава на војна против цела Европа, наведе Зеленски.

МААЕ повикува на максимална воздржаност во нуклеарните постројки на Украина

Меѓународна агенција за атомска енергија со седиште во Виена соопшти дека Украина ја информирала дека „неидентификувани вооружени сили“ ја презеле контролата врз затворената нуклеарна централа Чернобил, со дополнителни информации „дека на таа индустриска локација немало жртви или уништување“.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси повика на „максимална воздржаност“ со цел да се избегнат дејствија кои би можеле да ги загрозат украинските нуклеарни постројки.

Во согласност со својот мандат, МААЕ внимателно го следи развојот на настаните во Украина со посебен фокус на безбедноста и безбедноста на нуклеарните електрани и другите објекти поврзани со нуклеарната индустрија, се вели во соопштението.

OhridNews