Џамала со песната „1944“ победи на изборот на песна на Евровизија што се одржа во Стокхолм, Шведска.

Украина по собирање на гласовите од учесниците, жирито и телевоутингот, собра 534 поени, а второпласираната Австралија 511. Големиот фаворит Русија заврши на третата позиција, а четврта беше Бугарија.


Украина победник на Евросонг 2016

Македонија која ја претставуваше Калиопи со песната „Дона“ настапот го заврши во полуфиналето каде го освои 11-то место.

OhridNews