Калуш Оркестра од Украина со песната Стефанија победи на изборот на песна за Евровизија, освојувајќи најмногу бодови во гласањето на финалната вечер што се одржа синоќа во Торино, Италија.
Впечаток е дека Украинците победата во голем дел ја однесоа поради покажаната солидарност на публиката и националните жири комисии и во знак на поддршка заради актуелните случувања во таа земја, иако на сцената во Торино можеа да се чујат и видат музички поквалитетни изведби.
Нашата претставничка на Евросонг Андреа, која ја следеа контроверзи поради несреќен момент со националното знаме што предизвика реакции во домашната јавност, не се пласираше во финалето.
OhridNews