Украинската армија тврди дека постигнува успеси додека нејзините сили се пробиваат кон југот на земјата, каде што влегле во најмалку две села напуштени од руски војници.
Што се однесува до градот Херсон, неговото значење лежи во фактот што ја поврзува Украина со полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
Уште малку, држи се Херсон. Украинската армија е на пат, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните мрежи.
Украинската армија соопшти дека изминатата ноќ соборила 16 дронови камикази.
Воздухопловните сили на Украина утринава соопштија дека 14 ирански дронови Шахед-136 биле соборени во регионот на Миколаев, а уште два биле соборени на истокот и северот на земјата.
OhridNews