Украина очекува активна помош од меѓународните организации, вклучувајќи го и ОБСЕ, во создавањето на хуманитарни коридори.

Михаило Подолиак, советник на шефот на кабинетот на претседателот, за ова прашање се огласи на Твитер.

Села и градови, каде стационирани се колони руски војници, веднаш станаа места на грабежи и убиства. Имаме потреба од хуманитарни коридори – храна, лекови, безбеден премин за амбулантни возила, евакуација на деца. Очекуваме активна помош од меѓународните организации, вклучувајќи го и ОБСЕ. Доста со зборови!.

OhridNews