Малку е веројатно дека Украина ќе почне контраофанзива пред средината на јуни, кога треба да добие повеќе оружје од своите сојузници, најави денеска советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович.

Арестович додаде дека не очекува руската офанзива на Украина да донесе некакви „значајни резултати“ до 9 мај, кога Русија ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Тој информира дека борбите во фабриката за челик Азовстал продолжиле, но не кажа други детали.

OhridNews