Трговски центар и два хотели биле погодени вчера во руските напади во пристанишниот град Одеса.
Три проектили Кинџал, новите руски хиперсонични ракети, биле истрелани од авиони и погодиле „цели на туристичката инфраструктура“, изјави Сергеј Братчук, портпарол на регионалната воена администрација на Одеса.
По ракетниот напад хоспитализирани беа две лица, рече Братчук.
Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили потврди дека трговскиот центар бил погоден и со седум други проектили. Во нападот биле повредени пет лица, а едно лице загинало, наведе Јужната оперативна команда.
OhridNews