Меѓународната одбојкарска федерација донесе денеска одлука украинската репрезентација да ја замени Русија на годинешното Светско првенство.
Претходно, поради руската инвазија врз Украина, светското одбојкарско тело не само што и забрани на Русија да настапи на Светското првенство, туку и ја одзеде и организацијата на мундијалскиот турнир.
Русија требаше да го организира Светското првенство од 26 август до 11 септември, а за нови домаќини се одредени Полска и Словенија.
Украина ќе ја замени Русија како најдобро рангирана репрезентација, која не успеа да обезбеди пласман, и ќе игра во групата А со Србија, Порторико и Тунис.
OhridNews