Украинските власти ги обвинија руските сили дека синоќа во ракетен напад ја погодиле хемиската фабрика во близина на градот Суми, предизвикувајќи повеќечасовно истекување на амонијак.

Претходно, портпаролот на руската армија Игор Конашенков изјави дека истекувањето на амонијак е „планирана провокација“ на украинските сили со цел лажно да ја обвинат Русија за хемиски напад.

Истекувањето на амонијакот е запрено по неколку часа. Конашенков, изјави дека руска крстосувачка ракета синоќа го погодила центарот за обука на украинската армија во регионот Ровно, при што се у биени 80 странски и украински војници.

Локалните власти на регионот Ровно, потврдија дека Русија извршила два ракетни напади на воениот центар за обука, но без да објават детали за бројот на жртви и повредени.

OhridNews