Лондонската полиција трага по крадците на вино во вредност од еден милион фунти, кое било украдено од склад во источен Лондон, јавиле британските агенции. Полицијата навела дека крадците го исклучиле алармот и безбедносните камери, потоа провалиле во складот и со помош на вилушкар изнеле 400 шишиња вино.
Некои ид шишињата припаѓале на приватни нвеститори, кои понудиле награда од 5000 фунти за пронаоѓањето и враќањето на украдените залихи. Лондонската полиција навела дека украденото вино е ретко и вредно и дека било наменето за приватни колекционери и аукциски куќи. Полицијата соопштила дека засега биле уапесени две лица, бидејќи во нив се сомневале дека се поврзани со грабежот.