Крадци украле 3700 шишиња врвно шампањско Жак Селос вредно 300 илјади еврам соопштила винаријата Анселм Селос. Крадците исто така украле и етикети, навела винаријата и изразила загриженост дека мотивот на крадците бил да изнесат на пазарот ефтини копии.
Во соопштението било наведено дека освен што се згрозени од кражбата, стравуваат и дека можат да се појават фалсификати од виното. Овој вид шампањ на пазарот за прв пат се појавил во 1949 година. Крадците упаднале во винаријата во близина на Ремс, и како што пренеле медиумите, користеле детергент и дезодоранс како би ги отстраниле трагите од ДНК.