Синоќа во 23 часот на Граничниот премин Свети Наум, на влез во Македонија се пријавил 29-годишен државјанин на Република Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки.
По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол, соопшти МВР.
Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
OhridNews
Фото: МВР