Пејачот Џастин Бибер рекол дека некои негови предмети биле украдени за време на настапот во Сиетл, пренеле медиумите. Поп ѕвездата на своите следбеници на друштвената мрежа Твитер на која има повеќе од 29 милиони, рекол дека тој и неговиот менаџер биле ограбени за време на настапот во Сиетл во вторникот ноќта.

Тој не прецизирал што точно било украдено, но се претпоставува дека во прашање се компјутер и камера. Пејачот додал дека луѓето треба да ја почитуваат сопственоста на другите. Портпаролот на полицијата не одговорил на повиците на новинарите.