Една банка во Пенсилванија добила коверт по пошта во кој биле речиси сите пари кои биле украдени од банката на почетокот на месецов. Заклучокот на агентите на ФБИ бил дека парите ги испратил самиот крадец кој во меѓувреме се покајал, или пак тоа го сторил некој од неговото окружување.


Тоа што парите се вратени не го поништува злосторствто кое било направено во банката во гратчето Вест Њутн, југоисточно од Питсбург. Од ФБИ одбиле да ја кажат висината на ограбените пари, но навеле дека во ковертот имало околу 80 проценти од украдената сума во апоени од 10, 20 и 100 долари. Сега се вршат анализи на необичната пратка со цел да се пронајдат отпечатоци од прсти и други докази.