Непознати сторители ги украле досега необјавените песни и друг музички материјал на Мајкл Џексон, починатиот крал на попот. Од дискографската куќа „Сони“ потврдиле дека илегално биле симнати од компјутерот и украдени повеќе од 50 илјади музички фајлови вредни околу 250 милиони долари.

Меѓу украдените снимки биле и необјавените дуети на Мајкл Џексон со други музички ѕвезди. Поради ова, американската полиција привела две лица, кои по испитувањето биле пуштени на слобода со кауција.