Засега непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси и одзел четири кандила поставени кај црковниот олтар над иконите.
– Кражбата е извршена во периодот од декември минатата до март оваа година, по претходно насилно кршење на цилиндарот од главната влезна врата на црквата од северната страна. Сторителот употребил тврд предмет со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата. Откако влегол во внатрешноста на црквата, тој извршил пребарување низ црковните простории по што противправно ги одзел четирите кандила, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На лице место извршен е увид, а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.
OhridNews