Со јајцата кои ги украле, крадците во Порторико би можеле да ја направат најголемата кајгана на светот. Локалната полиција соопштила дека трагаа по лице или лица кои украле кокошкини јајца во вредност од 22 илјади американски долари.

Како што пренесуваат агенциите, во полицискиот извештај не се наведува точниот број на украдените јајца. Полицијата изјавила дека камионот ладилник, паркиран пред еден дистрибутивен центар во северниот приморски град Хатиљо, исчезнал заедно со товарот јајца кој требало да го превезе. Порториканските власти навеле дека вредноста на камионот се проценува на 35 илјади евра.