Украдени биле фотографии на американската филмска ѕвезда Мерлин Монро, кои требало да бидат дел од изложбата во Прашкиот замок. Изложбата требало да биде отворена на 30 мај, а кражбата била извршена во понеделникот, кога исчезнале и куклите и витрините за изложбата.

Кустосите на музејот Салваторе Фергамо од Фиренца ја припремиле изложбата по повод 50 години од смртта на Мерлин Монро. Изложбата била сочинета од фустани, чевли, фотографии и дневници, а после Прага истата требало да биде претставена во Токио.