Две парни локомотиви исчезнале од техничкиот музеј во Берлин. Музејот локомотивите ги изнајмил за една тековна изложба и требало да ги врати на сопственикот. По изложбата локомотивите ги изнеле пред музејот и чекале сопственикот да дојде по нив. Се појавил непознат човек и рекол дека дошол по своите локомотиви.
Луѓето од музејот без прашање му ги предале и човекот ги зел возејќи ги по пругата на локалната железница. Два дена подоцна се појавил вистинскиот сопственик кој ги побарал своите возила, но од музејот му рекле дека веќе ги предале. Локомотивите за последен пат биле забележани во соседната покраина Бранденбург. Германската полиција го истражува случајот.